GNOME 2.16 - Белешки за изданието

1. Подготвување за ерата на добриот изглед

Додека 2.16 продолжува да го подобрува GNOME со корисни опции, го прави полесен за работа и ги отсранува грешките, исто така зачекорува во ерата на унапредувањето на добриот изглед на средината: прозорци кои се клацкаат, исчезнуваат, избледнуваат, се смалуваат или експлодираат -- таквите ефекти се можни поради тековните напредувања на хардверот за графика.

Некои од овие промени се сѐ уште под развој и не се стандардно овозможени: треба да користите специјална конфигурација за да ги користите. Сепак, тие овозможуваат краток поглед врз она што треба да биде во иднина.

Појди на кратко патување во иднината!

1.1. Напредни 3Д ефекти

Metacity, стандардниот менаџер за прозорци на GNOME, ги прави своите први чекори во 3Д светот на десктоп компјутерите. Многу од додатоците на неговиот енџин за исцртување овозможуваат прозорците да се клацкаат, да се смалуваат, бледнеат, експлодираат, да скокат при фокусирање, и да прикажат други интересни и невообичаени ефекти како што се имањето на различно ниво на провидност за различни типови на прозорци како што се дијалози, менија и главни прозорци.

Иако стандардно ги нема, новите ефекти на исцртување на Metacity се достапни само со компајлирање со специјалната опција --enable-compositor. Новите опции за исцртување зависат на поддршката за проширувањето GLX_texture_from_pixmap кое моментално е достапно само за сопствениците на Intel i830 сѐ до i945 и на ATI Radeon моделите од 7000 до 9250.

“Важно е да се напомени,” вели Vincent Untz, член на тимот за изданија ан GNOME, “дека ова е моментално во работа и дека повеќе ќе биде истакнато во 2.18”.

Кога Metacity е искомпајлиран со потребната опција, ефектите ќе може да се вклучуваат и исклучуваат без рестартирање или нова најава и апликациите со ова ќе имаат предност. На пример, терминалот на GNOME сега ќе може да користи вистинска провидност.

1.2. Почисти теми за икони, Cairo и Wanda

GNOME 2.16 не овозможува само убав изглед за љубопитните тестери; има повеќе промени кои се веднаш воочливи: подобрена тема за икони која ги следи директивите за стил на Tango, нов преглед на настаните во календарот во модулот за апликацијата за е-пошта на GNOME Evolution, и добар фејс-лифт на Wanda -- рибата на GNOME која кажува мудрости.

Новата тема за икони на GNOME 2.16 ги следи директивите предложени од Tango проектот, притоа усогласувајќи се со графичката околина. До сега следејќи ги Freedesktop спецификациите за именување, темата за икони на GNOME сега работи и на апликации напишани за другите работни околини како KDE или XFce.

Figure 1Новата, подобрена тема за икони на GNOME

Дополнително, темата за икони беше исто така расчистена: многу икони за апликациите се добиваат заедно со нивните апликации, што ги прави употребливи во различни работни околини. Сега многу од иконите се со скалабилни, што значи дека ќе можете да ја промените нивната големина, а тие сѐ уште ќе изгледаат добро! Новата стандардна мета-тема на GNOME исто така помина низ расчистување.

Уште разубавувања има и во модулот за календар на Evolution: тој сега користи Cairo за прикажување на попривлечен преглед на настаните: Тие сега имаат заглавие на врвот кое го прикажува времето на започнување и времето на завршување ако ја промените големината на иконата на настанот. Избраните настани сега се прикажани фрлајќи сенка. Cairo е 2-димензионална библиотека за графика, дизајнирана за поддршка на бројни модерни графички техники, како што се замазнување, алфа забледување и антиалиасинг.

Слатката мала рипка на GNOME, Wanda, која кажува мудри мисли, доби фејс-лифт. Бидејќи е стар придружник на GNOME, дури од неговиот почеток, некои мислат дека ова е најважната промена на GNOME 2.16.

2. Подобрување на опциите

Ако користите лаптоп, имате проблеми со наоѓање на слободно место на тврдите дискови, сакате да ги прилагодите предметите во менијата или тешко Ви е да ги зачувате сите Ваши лични информации, ќе бидете среќни што ќе го надрадитe GNOME до верзијата 2.16.

2.1. Подолг живот за Вашиот лаптоп

Ако патувате многу со Вашиот лаптоп компјутер, новиот вграден менаџмент за енергија на GNOME 2.16 ќе Ви биде од голема помош. Ви дозволува да ја управувате батеријата, непрекинливото напојување на струја (UPS), и безжичните уреди. Исто така Ви нуди графикони кои Ви прикажуваат колку енергија се троши.

Figure 2

Менаџментот на енергија лесно се контролира од иконата на панелот. Едноставниот дијалог за преференции Ви дозволува да го прилагодите за различни ситуации во кои ќе го користите Вашиот компјутер базиран на GNOME.

Figure 3

Со обезбедувањето на поврзувања преку стандардизирани DBUS методи, другите програми можат да взаемнодејствуваат со зачувувањето на енергијата и притоа да ја намалат потребата од рачно конфигурирање на менаџментот за енергија. На пример, апликација како nautilus може да го запре мирувањето на компјутерот кога копира големи датотеки или сервис како beagle може да го забави режимот на индексирање ако компјутерот работи на батерија.

2.2. Поедноставено запишување на белешки

Телефонски број, идеа, состанок со пријателите -- Вашиот живот е бескраен тек на мали количества информации. Нивното следење може да е тешко и фрустрирачко, но GNOME 2.16 го прави тоа лесно со моќниот запишувач на белешки наречен Tomboy.

Figure 4Апликацијата за белешки Tomboy

Правењето белешка е едноставно како кликнување на иконата на Вашиот панел и одбирање „Нова белешка“. Но клучот за корисноста на Tomboy лежи во неговата можност да ги поврзува белешките и идеите една со друга: Само обележете фраза, кликнете на копчето за врска и се појавува нова белешка. На овој начин можете да ги организирате Вашите идеи на начин кој што има смисла за Вас. А врските меѓу Вашите идеи нема да се раскинат, дури ни ако ги преименувате или реорганизирате.

2.3. Подобрено уредување на менијата

Уредувањето на менијата се поедностави. Стариот уредувач на менија беше заменат со нов, Alacarte, кој е познат на корисниците на Ubuntu. Кога сакате нови менија, нови предмети или разделувачи Alcarte прави промените да се извршат полесно за да се адаптираат на Вашите потреби.

Figure 5Главниот интерфејс на уредувачот на менија Alacarte.

2.4. Поголема контрола врз просторот на Вашиот диск

Ако сте од оние луѓе кои секогаш се соочуваат со недостаток на празно место на тврдиот диск, ќе бидете среќни кога ќе дознаете дека GNOME 2.16 носи нова алатка со која се добива подобра слика за тоа како се користи просторот на тврдиот диск. Со Baobab можете да анализирате како се употребува просторот и можете да пронаоѓате и отстранувате датотеки кои зафаќаат простор. Скенирајте локални или оддалечени директориуми, папки по желба или пак целиот датотечен систем и Baobab ќе Ви ја прикаже големината на сите директориуми кои се пронајдени.

Figure 6Baobab, анализатор на употребата на дискот

2.5. Нов читач на екранот

Луѓето со оштетен вид ќе го примат со задоволство новиот читач на екранот на GNOME - Orca. Користејќи го интерфејсот за обезбедување на помошни технологии (AT-SPI) за анализирање на екранот, Orca ги вади содржините на екранот преку разни комбинации на читање на екранот, брајови уреди или со зголемување. Поддржани се сите апликации и алатници кои поддржуваат AT-SPI.

2.6. Totem го подобрува веб прелистувањето на мултимедија

Totem, пуштачот на видео на GNOME, поддржува читање и запишување на XSPF плејлисти, отворен стандард кој им овозможува на луѓето да споделуваат плејлисти.

Totem има нови возбудливи опции и некои поважни поправки на неговиот приклучок за прелистувач правејќи го Totem во спој со Вашиот веб прелистувач чисто задоволство. Забележливи промени се интероперативноста на веб страниците кои имаат вградено Real и Windows media пуштачи, дури ако страницата проверува дали имате Windows Media или Real Player. Дури и javascript околу нив ќе работат. Totem сега дозволува и да слушате музика во позадина на веб страниците кои го поддржуваат тоа.

2.7. Многу мали но корисни промени

  • Сега ќе можете да го проверите правописот на текстот внесен во Epiphany веб прелистувачот.
  • Сега ќе можете да се префрлате помеѓу отворените прозорци на одредена апликација со користење на кратенката Alt+F6. Секако, сѐ уште ќе можете да ја користите кратената Alt+Tab за преминување меѓу отворените прозорци на работниот простор.
  • Можете да ги поместувате аплиакциите помеѓу разни работни простори со влечење на нивната икона на листата на прозорци на посакуваниот работен простор.
  • Сега ќе можете полесно да ги забележувате датотеките заштитени со лозинка внатре во архивите поради амблемот прикажан за овие датотеки.
  • Сега ќе можете да прегледате затишје на цел екран.
  • Можете да снимате DVD директно преку Nautilus CD снимачот; нема потреба да правите слика(image) повеќе.
  • Сега ќе можете да ги користите и белешките за потсетување од постоечките GroupWise сметки со користење на Evolution.

3. Подобрувања во користењето

Едноставноста при користење е една од највисоките приоритети на GNOME, и затоа придонесувачите продолжуваат да се осигураат дека GNOME се придржува до највисоките стандарди за развој на софтвер кој што е едноставен за користење. GNOME 2.16 вклучува и промени кои што олеснуваат менувањет на пермисии на датотеките, пријавување на бубачки, користење на аплетот на работната лента и за креирање на подигнувачи на апликации.

3.1. Комфорно менување на пермисии на датотеки

Понекогаш Ви е потребно да ги смените пермисиите на датотеките кои што се наоѓаат во одредена папка. Менаџерот за датотеки, Nautilus сега поддржува ова преку менито избирање на Својства ▸ Пермисии.

Figure 7Новиот дијалог за пермисии во Nautilus

GNOME 2.16 исто така вклучува и добра структура за менување на пермисии со поддршка за контролни листи за пристап како и за атрибутите на Security-enhanced Linux (SELinux).

3.2. Поедноставна алатка за пријавување на грешки

За да се осигураат дека грешките во GNOME се решаваат брзо, програмерите зависат на извештај за грешка од корисниците. За да се поедностави процесот за пополнување на извештаи за грешки, алатката Bug-Buddy сега автоматски се подигнува при паѓање на некоја GNOME апликација. За да им се помогне на корисниците да заштедат време, новата верзија поставува помалку прашања и прикажува сѐ во еден прозорец.

Figure 8Поедноставениот интерфејс на Bug-buddy

3.3. Подобрувања на работната лента

Сега работната лента, моќна алатка за пребарување на Вашите датотеки и вебот, е уште побрза и зафаќа уште помалку простор на Вашиот екран. Со притискање на Alt+F3 (или преку кликнување на неговата икона) можете директно да внесувате предмети за пребарување -- Вашите раце можат да останат врз тастатурата цело време.

Figure 9Изменетиот интерфејс на работната лента

3.4. Подготвени за полетување

Подигнувачите се флексибилно средство за подигнување на одредена апликација, извршување на команда или пак отворање на одредена папка или веб страница. GNOME 2.16 го започнува процесот за креирање на сопствени подигнувачи со редизајниран и едноставен за користење дијалог.

Figure 10

4. Расчистување на кодот и подобрување во бекендот

4.1. Надградба до GTK+ 2.10

GNOME 2.16 сега зависи од GTK+ 2.10, кој користи многу подобрувања направени од Project Ridley; обид за консолидација на GNOME библиотеките во GTK+.

Една од најважните бенифиции за GNOME е новата функционалност за печатење ан GTK+ 2.10. Користи независен API кој е на високо ниво и е платформски-независен, GtkPrintOperation, кој вклучува и нов дијалог за печатење. API на ниско ниво кој е наменет за UNIX е исто така достапен и моментално ги поддржува CUPS и lpr за печатење.

Figure 11Нов и подобрен дијалог за печатење

Многу GNOME беа портирани за да ја искористат новата функционалност за печатење, како што се прегледувачот на документи Evince, веб прелистувачот Ephiphany и прелистувачот на помош Yelp.

Ова исто така го означува запоставувањето на претходно користените библиотеки libgnomeprint и libgnomeprintui. Надворешните проекти се охрабрени да ја користат новата функционалност понудена од GTK+ 2.10.

Друго важно подобрување донесено со GTK+ 2.10 е новиот API, GtkRecent. Менаџира листа на скорашно отворени датотеки и документи. Меѓу GNOME апликациите кои ја користат новата функционалност се менаџерот за датотеки (Nautilus), прегледувачот на датотеки (Evince) и уредувачот на текст (Gedit).

Дијалогот за избирање на датотеки исто така се подобри: записот за локацијата (претходно отворена со користење на Ctrl+L) е вградена и дијалогот како целина останува одговорен на реакција дури при извршување на операци со датотеки кои одземаат повеќе време.

Figure 12Запис за локација во дијалогот за избирање на датотеки

GTK+ 2.10 го обезбедува gtk-touchscreen-mode режимот кој контролира бројни промени кои го прават GTK+ да работи подобро со екрани осетливи на допир, кои се широко користени во мобилните и преносните уреди.

Неколку други подобрувања кои се направени од GTK+ 2.10 се користат низ десктопот: на пример нови графички контроли за прикажување на хиперврските кои можат да се кликнат, или за креирање на волшебници од повеќе чекори и подобра поддршка за влечење-пуштање на јазичињата.

4.2. GTK и GNOME се заоструваат (sharp)

GNOME 2.16 сега нуди поврзувања на GTK+ и GNOME библиотеките за љубителите на C# (C sharp) програмскиот јазик. Ова значи дека фрејмворкот за развој Mono е зависност на поврзувањата со GNOME.

Дополнително, софтверот напишан во C# може да биде предложен за понатамошните изданија на GNOME. Меѓутоа, постоечките модули треба да поминат низ процесот на предлагање ако добијат зависност со GTK# и/или Mono.

4.3. Нов бекенд за Bug-buddy

Алатката за пријавување на бубачки на GNOME, Bug-buddy, сега користи XML-RPC протокол и сега не е потребно корисниците да имаат инсталирано sendmail. Како резултат на оваа промена, проектите кои користат Bug-buddy мора да имаат точни информации во нивните .desktop датотеки.

Претходниот начин на креирање на пријави на бубачки (sendmail методот) ќе биде поддржан уште една година. После тоа, корисниците на постарите верзии на Bug-Buddy нема да може да пријавуваат бубачки.

4.4. Поддршка за Unicode 5.0

GNOME 2.16 ќе биде првото издание на работна околина во светот кој има поддршка за Базата на Уникод знаци (UCD), верзија 5.0, која дефинира повеќе од 99,000 знаци од јазиците во светот. Подобрувањата се вградени во библиотеките на GNOME, GLib и Pango, и се достапни за сите други проекти за слободен софтвер или софтвер со отворен код кои ги користат овие библиотеки.

4.5. Отстранувања и други белешки

  • Поради неактивно одржување, темите Grand-Canyon, Ocean-Dream, Simple, Smokey-Blue, и Traditional беа отстранети. Исто така темите Lighthouseblue и Metal енџините за теми беа отстранети.
  • Читачот на екран Gnopernicus е заменат со Orca.

5. Интернационализација

Благодарение на членовите на светскиот Проект за превод на GNOME, под водство на Кристијан Роуз и Данило Шеган, GNOME 2.16 нуди поддршка за 45 јазици (со најмалку 80 проценти преведени стрингови).

Поддржани јазици:

  • Албански
  • Баскиски
  • Бенгалски
  • Бразилско Португалски
  • Бугарски
  • Каталонски
  • Кинески (Хонг Конг)
  • Кинески (Тајван)
  • Кинески поедноставен
  • Чешки
  • Дански
  • Холандски
  • Бутански
  • Англиски
  • Естонски
  • Фински
  • Француски
  • Галицијски
  • Германски
  • Грчки
  • Гујарати
  • Хебрејски
  • Хинди
  • Унгарски
  • Бенгалски во Индија
  • Индонезиски
  • Италијански
  • Јапонски
  • Корејски
  • Латвиски
  • Литвански
  • Македонски
  • Малајалам
  • Непалски
  • Норвешки книжевен
  • Норвешки нов
  • Орија
  • Персиски
  • Полски
  • Португалски
  • Панџаби
  • Романски
  • Руски
  • Српски
  • Словачки
  • Словенечки
  • Шпански
  • Шведски
  • Тамилски
  • Тајландски
  • Турски
  • Украински
  • Виетнамски
  • Велшки

Note that Dzongka, Hebrew Indian Bengali, Latvian, Malayalam, Norwegian Nynorsk, Oriya, Slovenian and Tamil are new supported languages in GNOME 2.16, thanks to the hard work of their translators. Also noteworthy are that British and Canadian English are supported.

Многу други јазици се делумно поддржани, со повеќе од пола преведени стрингови.

6. Гледајќи кон GNOME 2.18

Како и обично, развојот не запира со GNOME 2.16. Шест месеци од денот кога GNOME 2.16 е издаден GNOME 2.18 ќе следи и ќе се гради врз фантастичната база на неговиот претходник.

Работи кои се очекуваат во GNOME 2.18:

  • Надградба на bugzilla.gnome.org на Bugzilla 3.0.
  • Промени го Bug-Buddy да работи со било кој Bugzilla 3.0+ следач на бубачки (ако е возможно)

Повеќе за развојниот пат на GNOME 2.18 ќе има веднаш кога ќе започне развивањето. За детали, гледајте на страницата за развој.

6.1. Вклучи се

Помагањето на GNOME е исполнувачко, вреднувано и позитивно искуство. Ќе им се придружите на илјадници посветени ентузијасти од сите сфери на животот и сите места на светот. Искусните и мотивирани придонесувачи на GNOME можат да пронајдат нови врати, нови можности отворени за нив, како што се признание, авторитет или добро платени вработувања.

Вашето придонесување кон GNOME може да биде едноставно како пополнување пријава за бубачка во нашиот систем за следење бубачки, Bugzilla. Едноставниот асистент за бубачки ќе може да Ве води при пополнувањето на Вашите приви пријавувања на бубачки. Станете пријател на GNOME за да ни помогнете да се движиме напред.

Голем напредок се прави дневно во нашите активни групи на програмери - пристапност, документација, користење, превод, веб, тестирање, графика, перформанси, развој на работната околина и платформски развој.

Придружини се денес и види какви разлики можеш да направиш.

A. Заслуги

Овие белешки за изданието беа составени од Vincent Untz, Quim Gil, SegPhault, John Williams и Brent Smith со помош од заедницата на GNOME. Покрај на заедницата, најтопло им се заблагодаруваме на програмерите и придонесувачите кои направија да се оствари ова издание на GNOME.

Оваа работа може слободно да се преведе во било кој јазик. Ако сакате да го преведете во Вашиот јазик, контактирајте со Проектот за преведување на GNOME .