Гном 2.12 претставува нова стандардна тема позната како "Clearlooks" која што ја прави Вашата работна околина многу попривлечна и секако едноставна.
Менаџерот за датотеки исто така познат како Наутилус, во Гном 2.12 доаѓа со неколку подобрувања на корисничкиот интерфејс. Најприметливо е тоа што прегледот на листа сега покажува датотеки во директориумите со што Ви се овозможува да се движите подолу во некоја подпапка и да отворате нов прозорец за нова папка само доколку тоа Ви е потребно. Исто така менито со обележувачи овој пат ги покажува истите локации како и дијалогот за избор на датотеки.
Во Гном 2.12 влечењето на текст од апликација до прозорец со папка ќе Ви зачува доста време преку креирање на нов текст документ. Исто така ќе забележите дека Гном сега покажува и преглед на текстот што се влече, наместо да прикажува само икона.
Исто така направени се и големи подобрувања врз режимот за разгледување, со што режимот е направен сличен со постоечкиот избирач на датотеки во Гном:
Едноставната опција за снимање на CD-иња во Гном сега може да копира и аудио CD-иња како и CD-иња со податоци. Само кликнете со десното копче на CD-то веднаш откако ќе го внесете.
Гном сега ги памти податоците што ги копирате, дури и откако ќе го затворите прозорецот од кој што сте копирале. Овој долг проблем е конечно решен без проблеми во перформансите кои што обично се поврзани со демонот за програмата за копирање.
Панелот кој што нормално го гледате на врвот на екранот Ви дозволува да подигнувате апликации и да контролирате разни аспекти од Вашата работна околина. Благодарение на ротирачките менија, во Гном 2.12 можете да користите и вертикални менија и панели.
Исто така ќе забележите и дека прозорците на апликациите светкаат во листата на прозорци за да Ви сигнализираат дека се спремни. На пример, прозорецот на апликацијата за инстант пораки може да светне доколку пријател Ви испрати порака.
Видео пуштачот на Гном, "Тотем" го користи фрејмворкот Гстример. Во Гном 2.12 видео пуштачот доаѓа со странична лента наместо со посебен прозорец, и овојпат поддржува и DVD менија и преводи.
„Рипувачот“ на CD-иња за Гном едноставно вади музика од Вашите аудио CD-иња која што потоа можете да ја слушате на Вашиот компјутер или пак на Вашиот преносен музички уред. Сега можете да пуштате песни дури и пред да ги извадите. Последната верзија исто така со помош на VFS системот на Гном може да вади датотеки од мрежни сервери и преносни уреди.
Гномовиот веб прелистувач "Епифани" е базиран на Мозила и целосно се вклопува во работната околина Гном. Подобрувањата во 2.12 носат
Интегрираниот клиент за е-пошта, Еволушн, поддржува традиционално поставување за пошта како и Новел Групвајз и Мајкрософт Ексчејнџ. Со Еволушн можете да читате, пишувате и да се справувате со Вашите пораки, контакти и закажани настани.
Во Гном 2.12 Еволушн има поедноставен изглед за користење како и лента за привезоци и дозволува внатрешно PGP кодирање и PGP потписи. Календарот сега дозволува делегирање на Вашите состаноци.
Прокси и IMAP сметките во Групвајз се исто така поддржани. Решени се и некои проблеми со компатибилноста со Мозила Тандербрд и IMAP.
Гном сега доаѓа и со контролен панел „За мене“ во кој што можете да ги внесете Вашите лични детали како на пр. Вашите телефонски броеви, адреси, адреси за е-пошта и идентификации за инстант разговори без додатно да ги внесувате во сите апликации кои што ги користите. Тука исто така можете и да си ја менувате лозинката.
Услужните алатки на Гном доаѓаат со некои подобрувања како на пример:
Гном 2.12, како замена за старите посебни PDF и .ps прегледувачи овојпат доаѓа со нов прегледувач на документи познат како "Евинс". Овој нов прегледувач е поедноставен и пофин со доста корисна опција за пребарување и можност за прикажување на повеќе страни одеднаш.
Прегледувачот на слики во Гном сега покажува слики со исправки на бојата и користи ICC профили.
Прегледувачот за помош на Гном сега го користи истиот енџин како и веб прелистувачот Епифани. Изгледот, брзината и стабилноста се многу подобрени.
Јелп исто така доаѓа со подобрена поддршка за одредено форматирање на локале дозволувајќи документацијата да биде рендерирана користејќи правила од одреден јазик, одличен додаток во новиот систем за преведување кој што им овозможува на преведувачите да преведуваат документација лесно како што преведуваат и апликации.
Алатката на Гном за пребарување сега покажува и сликички наместо само обични икони.
Гном 2.12 има нови опции за олеснување на животот на системските администратори, вклучувајќи ги и корисниците кои се справуваат со своите компјутери.
Како дел од работата за поддршка на Сабајон менаџерот за кориснички профили, подигнувањето на Гном чита и менува неколку поставувања. Покрај малите подобрувања на перформансите ова значи дека Гном 2.12 е полесен за администрација од кога и да е, посебно во комбинација со Сабајон, кој што иако не е и официјално дел од Гном го прави справувањето со корисниците во Гном многу едноставно.
Менијата за апликациите во Гном сега ги користат спецификациите од freedesktop, ова значи дека без разлика на работната околина, инсталираната апликација ќе работи. Гном 2.12 доаѓа со едноставна алатка за уредување на менија, но поради тоа што инфраструктурата е компатибилна се појавуваат и нови алатки развивани од трети страни.
Системските алатки Ви дозволуваат да го конфигурирате системскиот часовник, мрежната врска како и корисниците и групите на Вашиот систем. Моментално овие системски алатки се најсоодветни за еден компјутер наместо за голема мрежа од компјутери.
Гном 2.12 нуди нова алатка за администрација на сервери која што Ви дозволува да бирате кои сервиси ќе бидат подигнати при подигнување на компјутерот.
Прегледувачот на логови во Гном ја прави истрагата полесна со тоа што ги покажува сите логови во еден прозорец со јазиче и на тој начин Ви дозволува да ги разгледувате логовите како во календар. Новата верзија на навигаторот исто така помага при прегледот на архивираните логови.
Работната околина и развојна платформа Гном 2.12 нуди стабилна основа за програмери од трети страни како и за самата Гном околина. Гном 2.12 додава неколку кориснички видливи и API подобрувања сепак задржувајќи ја назадната компатибилност и стабилноста на API-јата. Секогаш е полесно да се развиваат апликации кои што работат на Јуникс и Виндоуз како и да се употребуваат стандардите за интероперабилност со другите работни околини.
Во Гном 2.12, ГТК+ 2.8 нуди некои доста интересни кориснички видливи опции како на пример
Како додаток на овие промени, кои што можат да ги користат сите ГТК апликации без да бидат рекомпајлирани, доаѓаат и неколку API-ја за поедноставен развој. Тие вклучуваат:
Видете ја исто така целата листа на нови API-ја во ГТК+ 2.8.
ГТК+ библиотеката е веќе популарна помеѓу програмерите кои што работат на повеќе платформи, вклучувајќи и Мајкрософт Виндоус, Линукс и Јуникс. На пример, графичарите можат да уредуваат слики со ГИМП и во Виндоус и во Линукс.
And now many more GNOME libraries, including ORBit2, libbonobo, libgnome, libbonoboui, libgnomeui and gnome-vfs, can build on Microsoft Windows, making it easier to build and distribute GNOME applications on that platform. While this support is not yet complete, it may be sufficient for some applications, and is expected to be complete in the next release of GTK+ and GNOME.
Гном одблиску соработува со групи како freedesktop.org. Поддршката на стандардните е огромен плус за корисниците на Гном. Поддршката за интероперабилност го подобрува корисничкото искуство преку дозволување на апликации за Гном и КДЕ да работат заедно многу полесно. Со следењето на отворените спецификации се осигуруваат податоците на корисникот од заглавување во неслободни формати.
Програмерите во Гном работат со помош на останатите членови на заедницата на слободен софтвер и преку развојот на Freedesktop.org работат напорно на поставување на стандардни за функционирање. Стандардите вклучуваат: споделена база на MIME, теми за икони, скорешни датотеки, менија, записи на работната површина, менаџмент на сликички, и спецификации за системскиот простор за програми што работат во позадина. Гном има поддршка за CORBA, XML, Xdnd, EWMH, XEMBED, XSETTINGS, и XSMP.
Благодарение на членовите на светскиот проект за превод на Гном, под водството на Кристијан Роуз и Данило Шеган, Гном 2.12 нуди поддршка за повеќе од 43 јазици (преведени најмалку 80 проценти).
Поддржани јазици:
Note that Galician, Estonian, Indonesian, Macedonian, Nepali, Slovak, Vietnamese, Thai, and Xhosa are new supported languages in GNOME 2.12, thanks to the hard work of their translators. Also worthy of mention is that British English and Canadian English are also supported.
Многу други јазици се делумно поддржани, со преведени повеќе од пола стрингови.
Нашето живо CD е достапно на gnome.org/projects/livecd/, тоа Ви дозволува да ја пробате целата работна околина Гном на Линукс без да инсталирате ништо на Вашиот тврд диск. Ова е најдобриот начин за да ја пробате последната верзија на Гном.
За употреба Ви препорачуваме да ги инсталирате официјалните пакети како што се оние за Вашата Линукс дистрибуција. Производителите на овие дистрибуции креираат пакети од Гном 2.12 за нивните системи релативно брзо.
Доколку сте храбри и трпеливи и сакате да го билдате Гном од изворен код за да ги тестирате најновите верзии и за да дадете фидбек за новите подобрувања, Ви препорачуваме да користите алатка за билдање како што е ГАРНОМ, додека пак за билдање директно од CVS, јхбилд.
Секој новоиздаден софтвер содржи бубачки и програмерите понекогаш се свесни за некои од нив но поради разни причини не секогаш успеваат да ги поправат сите грешки пред изданието. Слободниот софтвер не е многу поинаков од неслободниот софтвер кога се работи за бубачките, единствено што е подобро кај слободниот софтвер е тоа што ние им кажуваме на корисниците за овие проблеми.
Исто така ги охрабруваме корисниците да пријавуваат бубачки за да можат грешките да бидат поправени. Најдобриот начин за пријавување на бубачки најдени во Гном е да го користите едноставниот водич за бубачки за Гном. Овој водич ќе Ви ги објасни потребните чекори за квалитетно пријавување на грешки. Доколку сте напреден корисник тука е традиционалниот формулар за бубачки. Повеќе детали за веќе пријавените бубачки можат да бидат најдени на „Багзила“. Едни од најдобрите бубачки во Гном 2.12:
Гном функционира на временски распоред, обид за нудење на најдоброто од нашите програмери на корисниците што е можно побрзо. Следниве опции се наоѓаат на радарот на програмерите во Гном и може да се појават во некои од следните изданија.
Јадрото на успехот на Гном е во многуте волонтери, како корисници така и програмери.
Како корисник, Вашиот придонес може да биде сведен само на пријавување на извештаи за грешки. Можете да пријавувате извештаи за грешки со помош на едноставниот асистент за бубачки. Доколку сакате да придонесете повеќе можете да се зачлените во нашиот активен тим за бубачки.
За програмерите постои многу простор за возбудлив напредок во многу од нашите активни програмерски групи - Пристапност, документација, корисност, превод, веб, тестирање, графика и платформата за развој на работната околина &. Еве и водич кој би ви помогнал да започнете.
Помагањето за Гном може да биде многу неверојатно и задоволувачко искуство кое што може да Ви овозможи да среќавате голем број на мотивирани, искусни луѓе кои што помагаат и кои што заедно се движат кон една заедничка цел. Приклучете ни се денес и проверете како можете да помогнете.